ВИДЕО: Лидери во Премиер лигата после 32 години!

Фото: EPA-EFE/Adam Davy/POOL

Фудбалерите на Саутемптон го совладаа Њукасл на домашен терен со 2:0, во првиот натпревар од осмото коло во Премиер лигата и се искачија на првото место на табелата.

Популарните „светци“ на тој начин стигнаа до лидерската позиција во елитниот ранг на англискиот фудбал после 32 години.

Саутемптон поведе со голот на Адамс во седмата минута, на асистенција на Теа Волкот, а победата ја обезбеди Армстронг со погодок во 82 минута.

По петтата победа сезонава, Саутемптон е прв на табелата со 16 бода, исто колку и второпласираниот Ливерпул, но и натпревар помалку. Њукасл го претрпе третиот пораз и го зазема 11 место на табелата со 11 бода.

Премиер лига, 8. коло

Петок, резултати

Брајтон – Барнли 0:0
Саутемптон – Њукасл 2:0

Сабота, двојки
13.30 часот Евертон – Манчестер јунајтед
16.00 часот Кристал Палас – Лидс
18.30 часот Челси – Шефилд
21.00 часот Вест хем – Фулам

Недела, двојки
13.00 часот ВБА – Тотенхем
15.00 часот Лестер – Вулверхемптон
17.30 часот Манчестер сити – Арсенал
20.15 часот Арсенал – Астон Вила

Табела: Саутемптон 16 бодови, Ливерпул 16, Лестер 15, Тотенхем 14, Евертон 13, Вулверхемптон 13..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот