ВИДЕО: Леванте во криза, Барди одигра едно полувреме во меч со осум голови

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ги постигна првите голови сезонава за Леванте во шпанската „Ла Лига“/Фото: EPA-EFE/SALVADOR SAS

Денеска во рамките од 10 коло во најсилното шпанско првенство составот на Леванте загуби на гостувањето кај Севиља со резултат 5:3.

Во меч исполнет со дури осум голови македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целото второ полувреме.

Водеа домаќините со погодоците на Торес и Мир после скоро 25 минути игра, па намали Моралес во 33 минута, а пауза се замина со 3:1 после голот на Диего Карлос.

На стартот од вториот дел Севиља преку Ел Хадади зголеми на 4:1, потоа за период од седум минути Леванте ја врати неизвесноста на средбата кога стрелаа Моралес и Мелеро.

Во 64 минута конечниот епилог го постави Режес за шести триумф сезонава во „Ла Лига“ и моментно прво место со 20 бодови колку што има и Реал Сосиедад на втората позиција.

Леванте и натаму не знае за победа сезонава и се наоѓа на претпоследното 19 место со пет бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот