ВИДЕО: Леванте обезбеди ЛШ, прекрасен гол на Андонова против Атлетик Билбао!

фото: facebook.com/LUDFemenino

Една од најдобрите македонски фудбалерки придонесе во денешниот висок триумф на Леванте во шпанскиот женски фудбалски шампионат дома против Атлетик Билбао (4:0).

Четвртиот погодок беше дело на Наташа Андонова која успеа да украде една топка во 68 минута и од околу 35-40 метри го лобуваше противничкиот голман за поставување на конечниот епилог.

За Македонката ова беше седми погодок сезонава во првенството од вкупно досега 32 настапи.

Со овие три бода и дефинитивно Леванте си обезбеди место во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона.

Моментно на табелата Леванте е на третата позиција со 69 бодови на две кола до крајот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот