ВИДЕО: Левандовски за историја, одигра меч за кој сè уште се зборува

Роберт Левановски постигна пет гола против Волфсбург во Бундеслигата/Минхен, Германија/22 септември 2015/Фото: EPA/ANDREAS GEBERT

Пред точно пет сезони, Роберт Левандовски одигра натпревар каков што досега не е виден досега во најсилните фудбалски лиги.

Неговиот Баерн Минхен дома на „Алијанц“ Арената против Волфсбург имаше негатива од 0:1 на полувремето, кога тогашниот тренер на тимот Пеп Гвардиола го испрати полскиот напаѓач од клупата на теренот.

Она што следеше, и денес изгледа нереално. Левандовски постигна пет гола во 51 до 60 минута, и успеа еднаш да ја погоди стативата.

Разликата помеѓу првиот и последниот гол беше осум минути и 59 секунди, со што беше поставен рекорд за Левандовски како играч кој постигнал петпати на еден натпревар во Бундеслигата.

Патем, тој стана сопственик на Гинисовиот рекорд, и постави рекорд за најбрз хет-трик постигнувајќи трипати во четири минути и рекорд по бројот на постигнати голови од играч кој влезе во игра од клупата.

Со таа победа, Баерн ја прекина серијата од 14 последователни натпревари во Волфсбург без пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот