ВИДЕО | Летниот фестивал на ТРИ нуди добри книги по добра цена од добри автори и преведувачи

Александра Тодоровиќ од Издавачкиот центар ТРИ за Утрински брифинг
Александра Тодоровиќ, Издавачки центар ТРИ / Утрински брифинг

Издаваштвото освен што е грантирано од Министерството за култура, тоа е и бизнис, но има и благородна цел да ги облагородува и едуцира луѓето. Како да им се приближат книгите на читателите? Со ова се борат многу издавачки куќи.

-Издавачите се трудат да ги доближат книгите до читателите, а тоа го прават успешно ако го слушаат нивниот глас, ако ги слушаат побарувањата и ги следат. Секоја издавачка куќа има своја насока, но сепак не смее да се одбегне побарувачката, вели Александра Тодоровиќ од Издавачкиот центар ТРИ за Утрински брифинг.

Таа додава дека во последните години е многу популарна областа на популарната психологија оти луѓето очигледно имаат потреба да си го подобрат животот на некој начин. – Тоа е едукативната страна, вели Тодоровиќ и додава дека Издавачкиот центар ТРИ се труди да го одбере најдобро од оваа област.

Освен Саемот на книги, на кој читателите можат да очекуваат книги на попуст, Издавачкиот центар ТРИ со години наназад организира Летен фестивал на кој луѓето можат да набават литература по свој вкус за да го пополнат она време за себе кое го имаат додека се на одмор.

-Бројот на читатели секогаш се зголемува. За време на ковид-пандемијата драстично се зголеми бројот на читатели. Луѓето беа дома и опциите беа или да читаат книги или да гледаат телевизија или да играат игри. На наша огромна радост тогаш почна тренд на зголемување на побарувачката на книги. Тоа се покажа и на Саемот на книга кој беше многу успешен и многу посетен. Луѓето беа гладни за настани и доаѓаа н апромоциите на книгите на македонските автори кои сѐ повеќе ги читаат и бараат нови, вели Тодоровиќ.

Издавачкиот центар ТРИ на Летниот фестивал нуди голем број трилери кои ќе излегуваат во текот на  летото. Освен трилери, летото го одбележуваат и романтичните комедии и такви ќе има и во понудата на ТРИ. Исто така, ќе бидат понудени книги од домашни автори меѓу кои и книгата на алпинистката Илина Арсовска, но и преводна литература.

-Во однос на преводите од Издавачки центар ТРИ моам да се пофалам дека се исклучително добри. Тоа е одзив од читателите кои повторно ни се враќаат. Нашите книги поминуваат низ неколку филтри пред да стасаат до рацете на читателите, вели Александра Тодоровиќ од Издавачкиот центар ТРИ за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот