1 C
Скопје

ВИДЕО: Лестер ги раздвои Јунајтед и Ливерпул на табелата, минималец на Челси

Екипата на Лестер со 2:0 го совлада Саутемптон во рамките на 19. коло од Премиер лигата и се искачија на второто место на табелата, барем до утре.

Лестер со трите освоени бода сега има 35, еден помалку од лидерот Манчестер јунајтед, а два повеќе од сега третопласираниот Ливерпул, додека Саутемптон со поразот падна на осмото место со 29 бода.
Домашниот тим поведе во 37. минута кога Медисон прими одлична топка на десната страна од голот и практично од мртов агол успеа да го совлада голманот Меккарти.


Голот на Медисон беше прва и практично единствена шанса за Лестер се до финишот од натпреварот кога Харви Барнс и Џејми Варди пропуштија можност порано да го решат победникот. Сепак. Барнс во судиското продолжение  успеа да најде начин да го совлада Меккарти.

Фудбалерите на Челси едвај со минимални 0:1 успеаја да го совладаат Фулам. Иако доминираа на теренот, а од 44. минута по исклучувањето на Робинсон имаа и играч повеќе, „сините“ не можеа да го пробијат бункерот на Фулам се до завршницата на натпреварот. Тогаш, во 79. минута, Мејсон Маунт одбиената топка од десетина метри ја смести во мрежата зад голманот Ареола.

Прочитајте и...  Финалето во Лигата на шампионите во иднина ќе се игра во Њујорк

Резултати:
Вулверхемптон – ВБА 2:3
Лидс – Брајтон 0:1
Вест Хем – Барнли 1:0
Фулам – Челси 0:1
Лестер – Саутемптон 2:0

Поврзани вести

Роналдо му помага на Јувентус: Сам бараше да му се намали платата

Слободен печат

Евролига: Асвел по втор пат сезонава и го зеде скалпот на Барселона

Слободен печат

Дурент не игра на ол стар, го менува Домантас Сабонис

Слободен печат

ВИДЕО: Што се случува со Куман, повторно среде прес конференција му тече крв од носот

Слободен печат

Митревски се прости од Кинтана: Ти благодарам за се…

Слободен печат

Откриено колку пари бара Надал за настап на помалите турнири

Слободен печат

Остави Коментар