ВИДЕО: Леклер го оштети легендарниот болид на Ники Лауда

Му откажале сопирачките на Шарл Леклер и изгубил контрола/Фото: twitter.com/timhauraney/Принтскрин

Возачот на „Ферари“, Шарл Леклер, се најде во центарот на вниманието на јавноста поради вчерашниот инцидент.

Имено, вчера на домашната патека во Монте Карло, Леклер имаше можност да го вози легендарниот болид на Ферари од 1974 година, кој своевремено го возеше Ники Лауда.

Леклер на овој настан доби можност да го вози легендарниот болид на Ферари, но тоа не заврши најдобро.

Уживаше во возењето, но при крајот на кругот изгуби контрола над болидот и се заби во ограда во една од последните кривини на култната патека во Монте Карло.

Леклер направил оштетување на задниот дел на „Ферари 312“, а од италијанскиот тим велат дека главната причина е што му откажале сопирачките и поради тоа изгубил контрола.

Легендарниот автомобил Лауда повторно беше оштетен бидејќи и минатата година го оштети Жан Алези. Тогаш беше оштетен предниот дел, а за среќа и Алези и Леклер минаа без повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот