ВИДЕО | Лејла Рамковска, инструкторка по јога: Баланс значи умереност, ниту преголема еуфорија, ниту преголема тага

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Јогата овозможува да бидеме поприсутни, да се ослободиме од секојдневните стресови и да го движиме телото слеано со здивот…

Покрај сето ова, јогата исто така може да го подобри нашиот однос кон себе и кон другите, воедно и да го зајакне нашето чувство за заедница. Тоа е затоа што целта на оваа прастара дисциплина не е да се биде најдобар, туку секогаш да растеме и да се развиваме…

Лејла Рамковска за Слободно со Агнеса, фотограф, Дран Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Но, како да започнеме да практикуваме јога? Која точно филозофија стои зад тоа? И како може да ни ја подобри менталната благосостојба?

Нашето интервју со Лејла Рамковска, ќе ви ги даде сите потребни алатки за да ја вклучиме оваа практика во вашиот живот. Лејла веќе неколку години е инструктурка по јога.

Нејзиниот стил на практика е фитнес јога. Пристапот кон нејзиното учење произлегува од нејзиното верување дека јогата е достапна за секого. По години професионализирање, Лејла отвори свој јога клуб „Клуб 8“.

Со својата широка насмевка и ентузијазам, таа ни ги отвори вратите на студиото и нѐ почести со убав разговор. Седнавме на подот и разговараме за нејзиното личното патување низ животот и јогата.

Лејла е позната и на социјалните мрежи, каде преку различни вежби и видеа ги охрабрува луѓето да го активираат своето тело.

Нејзините почетоци со јога се во нејзините 30 години. Моменти кои ја издигнаа Лејла во голем пресврт кон себеси… Кога би рекле случајно, Лејла за нејзините почетоци со јогата вели:

„Инструктор по јога станав случајно, меѓутоа, не верувам во случајности… Сѐ беше некако, како следствено, едноставно, кога сѐ ќе ти се нареди како што треба и нели, во тој момент треба да ги препознаеш знаците кои те водат кон нешто и да ги прифатиш сите тие предизвици кои ти доаѓаат на патот, можеби дури и да не сте спремни, треба да се зграпчи таа прилика.“

Практикувањето на јога во животот ѝ донел многу баланс, хармонија, свест и повеќе разбирање за себеси и околината. Јогата за неа е една од најидеалните дисциплини кои ги применува, објаснува Лејла за „Слободно со Агнеса“.

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Покрај јогата, Лејла води успешен бизнис и е мајка на две деца, се грижи за домот, се дружи со пријатели. Тие се клучните сегменти кои ѝ го исполнуваат животот…

Лејла во нејзиниот клуб предава интензивни часови по јога кои вклучуваат различни техники на перформанси. Најинтересните техники за Лејла, се тие за кои велиме дека не можеме да ги направиме, едноставно, тие се предизвик како за неа, така и за вежбачите.

„Јас, кога на 30 години започнав со јога, не можев да направам многу лесна вежба по јога. Така што, тоа е принципот.“

Зборувајќи за придобивките од јогата, психичкото здравје и балансирањето на емоциите, Лејла вели дека преку јогата се запознаваме повеќе себеси и гледаме што се случува со нас, со големо разбирање ги следиме сите реакции кои доаѓаат од надвор. Да се дојде до хармонија и баланс.

„За мене баланс значи умереност. Ниту преголема еуфорија, ниту преголема тага. Едноставно да не се оди од крајност до крајност како некоја вага. Јас сум вага во хороскоп и сакам така се да ми биде под некоја хармонија.“

Лејла го живее животот умерено, а активниот живот пробува да го избалансира со одмор.

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Најефективните техники за менаџирање на стресот.

„Многу важна техника кога започнуваме јога или пак, каков било вид физичка активност е да не подлегнеш на моменти кога губиш мотивација, кога имаш проблеми, кога си нерасположен, нервозен. Да речеш ‘Не одам сега. Не ми е до физичка активност, јога или што и да е…’ Така што, првиот момент кој треба да се ‘скрши’ е илузијата дека треба да имаме мотивација за да вежбаме, не, треба да имаме дисциплина. И ако создадеме таква навика, без разлика на се. Се држиме до таа одредена физичка активност, тоа носи до долготрајна смиреност“ вели Лејла за „Слободно со Агнеса“.

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Покрај менталното здравје, смиреноста, балансот и дисциплината, со вежбањето јога се подобрува флексибилноста на телото. Стилот на кој Лејла ги тренира клиентите се нарекува „fitness power yoga“, меѓутоа, таа прави и вежби со кои се стекнува и флексибилност.

 „Често она што нѐ тера кон започнување со јога е некој вид на изгубеност. Кога нешто ни недостасува… Првиот чекор е враќање кон себе… Вниманието да си го вратиме кон себе. Можеби и малку изолираност, опоравување на некој начин, преку различни техники на јога и држење до тоа.“

Целото видео со Лејла Рамковска проследете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот