ВИДЕО: Лејкерси во проблеми, Дончиќ подобар од супер тимот на Бруклин

Фото: EPA-EFE/JOHN G. =

Далас маверикс успеа да го победи најдобриот тим во Источната конференција, Брулкин нетс со 113:109. Очекувано, во одлучувачките моменти, најдобар кај Далас беше Лука Дончиќ притоа постигнувајќи поени преку Кевин Дурент.
На крајот, Дончиќ натпреварот го заврши со 24 поени, 10 скокови и осум асистенции, додека Тим Хардавеј даде 23 поени. На Бруклин не му помогна податокот дека Кајри Ивинг даде 45 поени, а Дурент 20 поени.

Во битката за Лос Анџелес, славеа Клиперси со 118:94 над Лејкерс кои западнаа во поголеми проблеми. На Лејкерси поголем проблем од поразот им претставува тоа што втората голема ѕвезда, Ентони Дејвис одигра само девет минути по што повторно се повреди и засега не се знае колку ќе отсуствува од терените. Дури седум играчи на Клиперс постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Пол Џорџ. Кај Лејкерси кои паднаа на шестото место во Западната конференција и во отсуство на Дејвис и Леброн Џејмс, најпрецизен беше Кајл Кузма со 24 поени.

Голден Стејт вориорс ја продолжува битката за место во плеј-офот и со 118:97 ја совлада Оклахома сити. Вообичаено прво име кај „воините“ беше Стеф Кари со 34 постигнати поени.

Резултати:
Шарлот – Чикаго 99:120
Далас – Бруклин 113:109
Торонто – Вашингтон 129:131
Детроит – Мемфис 111:97
Индијана – Атланта 133:126
Голден Стејт – Оклахома сити 118:97
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 118:94

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот