ВИДЕО: Лејкерси подобри од Чикаго, Јута до рекордни 25 тројки!

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Леброн Џејмс за помалку од 35 минути на паркетот забележа 28 поени во победата на Лос Анџелес Лејкерс против Чикаго со резултат 117:115.

Подобар учинок од Џејмс имаше Зек Левин на спротивната страна со 38 поени, но тоа не беше доволно да се спречи поразот на Булси.

Доцна синоќа во НБА лигата беше запишан рекорд, односно составот на Јута реализираше дури 25 тројки во триумфот над Милвоки Бакс (118:131).

„Џезерите“ се и првите во историјата на кошарката кои имаа најмалку пет играчи со четири и повеќе тројки.

НБА, резултати –

Детроит Пистонс-Феникс Санс 110:105 (93:93, по 1 продолжение)
Бостон Селтикс-Вашингтон Визардс 116:107
Њу Орлеанс Пеликанс-Шарлот Хорнетс 110:118
Њујорк Никс-Оклахома Сити Тандер 89:101
Хјустон Рокетс-Орландо Меџик 132:90
Мемфис Гризлис-Бруклин Нетс 115:110
Милвоки Бакс-Јута Џез 118:131
Голден Стејт Вориорс-Лос Анџелес Клиперс 115:105
Лос Анџелес Лејкерс-Чикаго Булс 117:115
Сакраменто Кингс-Торонто Репторс 123:144

Табела, Источна конференција:
1.Филаделфија Сиксерс 7-2
2.Индијана Пејсерс 6-2
3.Бостон Селтикс 7-3

Табела, Западна конференција:
1.Лос Анџелес Лејкерс 7-3
2.Феникс Санс 6-3
3.Лос Анџелес Клиперс 6-4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот