ВИДЕО: Лејкерси ја прекинаа серијата порази
Актуелниот шампион ЛА Лејкерс ја прекина серијата од четири порази по ред откако со 102:93 го совлада Портланд. Натпреварот беше одлучен кон крајот на третата и почетокот на четвртата четвртина кога дојдоа до 13. поени предност (89:76). Леброн Џејмс со 28 поени и Денис Шрудер со 22 поени беа предводници на Лејкерс, додека кај Портланд, Демиен Лилард постигна 35 поени.
Вицешампионот Мајами хит го совлада најдобриот тим во НБА лигата, Јута џез со 124:116. Џими Батлер беше најпрецизен со 33 поени, додека Горан Драгиќ влегувајќи од клупата постигна 26 поени. Мајами до триумфот дојде благодарение на серијата 11:4 во финишот кога поведе со недостижни 114:106.
Голден Стејт вориорс му се реваншира на Шарлот за поразот славејќи со 130:121 во натпревар на кој Дрејмонд Грин имаше рекордна вечер. Кошаркарот на „воините“ оствари трипл-дабл од 11 поени, 12 скокови и рекордни во кариерата 19 асистенции. Стеф Кари уфрли 29 поени, додека кај Шарлот Малик Монк беше најдобар кај Шарлот со 25 поени.
ЛА Клиперс без никакви проблеми го совлада Мемфис гризлис со 119:99 благодарение на 30. поени на Каваи Ленард.
Резултати:
Бостон – Индијана 118:112
Торонто – Хјустон 122:111
Чикаго – Феникс 97:106
Детроит – Сакраменто 107:110
Мемфис – ЛА Клиперс 99:119
Мајами – Јута 124:116
Оклахома – Атланта 118:109
Голден Стејт – Шарлот 130:121
ЛА Лејкерс – Портланд 102:93