ВИДЕО: Лејкерси без Џејмс доминираа против Сакраменто

ентони дејвис
Ентони Дејвис ги водеше „езерџиите“ до нова победа во НБА/Сакраменто, Калифорнија, САД/30 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Доцна синоќа во НБА лигата составот на Лос Анџелес лејкерс славеше против Сакраменто кингс со резултат 117:92.

Во редовите на „езерџиите“ за овој меч не беше првата ѕвезда Леброн Џејмс поради болест, односно не играше поради здравствено-безбедносен протокол.

Најефикасен во победничката екипа беше Ентони Дејвис со 25 поени, седум скокови и три аистенции. Следен од Расел Вестбрук со кош помалку, но и пет скокови и шест асистенции.

Одлична вечер имаше и Малик Монк со 22 поени и по четири скокови и асистенции. Прв стрелец кај Кингси беше центарот Ришон Холмс кој забележа 27 поени (девет скокови).

Втор најдобар беше Де`Арон Фокс со 17 поени, но тоа не беше доволно да му се пружи позначаен отпор на тимот од Калифорнија.

НБА лига, резултати –

Бруклин нетс – Њујорк никс 112:110
Торонто репторс – Мемфис гризлис 91:98
Феникс санс – Голден стејт вориорс 104:96
Портланд трејл блејзерс – Детроит пистонс 110:92
Сакраменто кингс – Лос Анџелес лејкерс 92:117

Источна конференција, табела:

1. Бруклин нетс 15-6
2. Чикаго булс 14-8
3. Мајами хит 13-8

Западна конференција, табела:

1. Феникс санс 18-3
2. Голден стејт вориорс 18-3
3. Јута џез 14-7

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот