ВИДЕО | Легендата Мишо Ковач со нови спотови за неговите хитови: На 81 година полн со енергија!

Фото: Принтскрин -Youtube

Месец октомври (до крајот) и ноември, дефинитивно ќе бидат во знакот на легендарниот пејач Мишо Коваќ (81). Имено, од завчера – кога излезе спотот за неговата песна насловена „Чувајте ми писму“,  секој нареден понеделник ќе објавува уште по една песна, односно вкупно четири нови видео записи за негови хитови.

Песните си ги одбрал сам, а спотовите се „тазе“ снимани, во околината на Сплит.

Очгледно дека легендата и во својата 81 година не мисли да е откаже од музиката, а судејќи според првиот спот што е достапен за гледање, пејачот е и во одлична кондиција. За хрватските медиуми изјавил дека е подготвен повторно да застане на сцена и да одржи голем концерт.

Уживајте во спотот на „Чувајте ми писму“…

 

Видеото погледнете го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот