ВИДЕО | Легендарниот Том Брејди заминува во пензија, сега е засекогаш

Toм Брејди објави дека заминува во пензија и сега навистина е засекогаш.
За 23 години Брејди одигра 365 натпревари и од играч кој скоро никој не го забележа на драфтот стигна до вистинска легенда.
„Добро утро на сите, веднаш ќе преминам на главното. Заминувам во пензија. Засекогаш. Знам дека минатиот пат сето тоа предизвика многу реакции и кога се разбудив утрово си помислив – само ќе ја вклучам камерата и ќе ви кажам прво на вас. Само еднаш можеш да заминеш во пензија со толку емоции и јас веќе тоа го искористив минатата година“.
„Ви благодаеам на сите, на секого од вас. Моето семејство, пријателите, соиграчите, ривалите. Би можел така да набројувам засекогаш. Ви благодарам што ми овозможивте да го живеам својот сон. Не би променил ниту една работа. Ве сакам сите“, порача Брејди во пораката.
Кариерата Брејди ја завршува со седум освоени шампионски титули и три награди за најдобар играч, пет награди за МВП во Супербол, бројни првенствени и соборени рекорди.
Truly grateful on this day. Thank you 🙏🏻❤️ pic.twitter.com/j2s2sezvSS
— Tom Brady (@TomBrady) February 1, 2023