ВИДЕО: Легендарниот Шекил О`Нил на српски јазик со пофалби за Јокиќ!

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Легендарниот кошаркар на НБА, Шекил О’Нил е импресиониран од новите одлични настапи на Никола Јокиќ.

Српскиот центар во дресот на Денвер доминираше на натпреварот доцна синоќа против Портланд. Нагетси славеа со резултат 111:106, а Јокиќ на овој меч постигна дури 41 поен.

По одличната партија, тој го аналираше натпреварот заедно со еден од најдобрите во НБА историјата, Шекил О`Нил.

Пред да започне разговорот, Јокиќ се пошегува со Шек. Имено, неодамна славниот кошаркар му се обрати на руски јазик, па Никола на шега го праша дали ќе зборуваат на руски или на српски јазик.

Колегите на Шек во студиото „ТНТ“ го замолија Јокиќ да каже на српски: „Шек е луд“ .

Следуваше и гласовната порака на легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс со помош на „Гугл Тренслејт“: „Играш одлично“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот