ВИДЕО: Легендарен руски ММА борец сакаше да наплати долг па заврши во болница

Рускиот ММА ветеран Сергеј Каритонов заврши во болница откако беше нападнат од поранешен УФЦ борец, Адам Јандиев.

Како што известуваат руските медиуми, нападот се случил во Москва за врема на приредбата „ Battle of Champions“. Каритонов излегол во ходникот на комлексот за да зборува со Адам Јандиев, а на снимките се гледа како тој не очекува да биде нападнат и ги држи рацете во џебовите по што оддеднаш понискиот Јандиев два пати силно го удри.

Двајцата птоа паднаа на подот каде Јандиев му зададе уште неколку удари на ММА ветеранот кој минатата недела има борба во Белатор организацијата. Тепачката беше прекината откако се вмеша полицијата, а потоа наводно и двајцата борци завршиле во болница каде е утврдено дека на Каритонов му е скршен носот. Дел од медиумите објавија дека поситниот Јандиев штетата на лицето на Каритонов ја направил со боксирач.

Нападот се случил кога наводно Каритонов го потсетил Јандиев дека имал долг од 25.000 долари.

Јандиев е ММА борец од средба категорија кој поголем дел од кариерата се бореше во руската М-1 Глобал промоција, додека 41-годишниот Каритонов е искусен ММА борец кој е под договор со Белатор. Последната борба ја имаше пред неколку дена во Дубаи каде со технички нокаут го победи Оли Томпсон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот