ВИДЕО | Лефков: Расположението кај гласачите се промени кога видоа дека оваа власт „забега“

Горан Лефков, новинар/Фото: Слободен печат

Гласањето на локалните избори беа рефлексија на незадоволството од владеењто на државата на централно ниво. Имаше неколку добри градоначалници кои настрадаа како резултат на лошото владеење на Владата на централно ниво, изјави за Утрински брифинг новинарот, Горан Лефков.

-Доколку утре имаме предвремени парламентерни избори очекувам чисто пресликување на гласањето за советници. Гласањето за градоначалници не е толку релевантно во односот на централна и локална власт, но гласањето за советници е многу релевентно. Може само мала предност да добијат големите политички партии. Во помалите општини некои Совети се освоени од од независни кандидати кои на некој начин го контролираат Советот, вели Лефков.

Расположението кај гласачите се промени кога гласачите видоа дека власта на некој начин „забега“.

-Владеат веќе 6 години, се случија важни работи во државата во кои власта реагираше многу лошо. Пример е кога поради поради пожарот во тетовската модуларна болница министерот Филипче не даде оставка. Граѓаните не можат да простуваат скандали на политичарите. Лагите не ги признаваат. Имавме неколку скандали кои го рушат угледот на владејачката гарнитура кај граѓаните. На пример скандалот со македонскиот дипломат во Ерменија, апсењето на дипломатите во Италија, акцијата на ДЕА кога го фатија началникот на полицијата во Прилеп како нелегално транспортира дрога. Сите тие негативни поени одат на контото на влаеењето на Зоран Заев и СДСМ, објаснува Лефков.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот