ВИДЕО: Леброн се врати по повредата, Лејкерси одат кон плеј-оф дуел со Денвер
Лос Анџелес Лејкерс ја совлада Индијана пејсерс со 122:115 и ги задржа шансите за освојување на шестото место во Западната конференција кое би му донело дуел со Денвер нагетс на стартот од плеј-офот. За да се оствари ова, потребно е во последниот натпревар од регуларниот дел да го победат Њу Орлеанс, а Денвер да го совлада Портланд .
Леброн Џејмс по подолга пауза се врати на терените и во победата учествуваше со 24 постигнати поени, додека Ентони Дејвид постигна 28 поени.
По пауза од три месеци, големата тројка во Бруклин, Гарнет, Ирвинг и Харден, конечно заигра заедно и со 105:91 славеа над Чикаго. Досега тие заедно одиграа само осум натпревари и Бруклин има скор од 6-2 и се главен фаворит за пласман во големото финале иако во плеј-офот ќе стартуваат од второто место.
Екипата на Милвоки славеше над Мајами со 122:108 и се поизвесно е дека овие две екипи ќе играат меѓу себе на стартот од плеј-офот. Мидлтон и Форбс со по 21 поен беа најдобри кај Милвоки, додека Кендрин Нан постигна 31 поен за Мајами.
Резултати:
Бруклин – Чикаго 105:91
Индијана – ЛА Лејкерс 115:122
Њујорк – Шарлот 118:109
Минесота – Бостон 108:124
Сан Антонио – Феникс 103:140
Милвоки – Мајами 122:108