ВИДЕО: Леброн го „матираше“ својот Кливленд

Леброн Џејмс и сезонава е најдобар играч на ЛА Лејкерс/ фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ЛА Лејкерс со пресврт во последната четвртина успеа да дојде до победата над Кливленд кавалирс со 131:120 и ја продолжи трката за подобра позиција во разигрувањето за плеј-офот.

Вообичаено, најзаслужен за победата на „езерцата“ беше Леброн Џејмс кој на својот поранешен тим му даде 38 поени, а имаше и 11 скокови и 12 асистенции. Џејмс имаше голема помош од Ди-Џеј Огастин и Расел Вестбрук постигнаа по 20 поени. Лејкерси сега имаат скор од 31:41 за деветта позиција во Западната конференција и имаат пет победи помалку од градскиот ривал ЛА Клиперс.


Бруклин нетс предводен од Кевин Дурент со 114:106 ја победи Јута и ја оствари седмата победа во последните осум натпревари. Дурент натпреварот го заврши со 37 поени, 9 скока и 8 асистенции, а го следеше Брус Браун со 22 поени. Во редовите на Јута се истакна Донован Мичел со 30 поени.


Во дербито на Источната конференција, кошаркарите на Филаделфија иако играа без двајцата најдобри играчи, Џоел Ембид и Џејмс Харден, со 113:106 го победи Мајами хит. Во отсуство на Ембид и Харден, одговорноста ја презедоа Тајриз Мекси со 28 поени и Шејк Милтон со 20 постигнати поени.


Чикаго булс предводен од Демар Дезоран и Зек Лавин кои дадоа по 26 поени, со 113:99 го победи Торонто репторс.


Резултати:
Шарлот – Њу Орлеанс 106:103
Кливленд – ЛА Лејкерс 120:131
Детроит – Портланд  115:119
Бруклин – Јута 114:106
Филаделфија – Мајами 113:106
Чикаго – Торонто  113:99
Хјустон – Вашингтон 115:97
Оклахома – Бостон 123:132
Далас – Минесота 110:108

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот