ВИДЕО | Леброн ги врати Лејкерс од -25, дабл-дабл на Дончиќ во поразот на Далас

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Словенецот Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар за Далас во кој постигна дабл-дабл од 29 поени и 10 скокови, но таквиот негов настап не беше доволен неговиот тим да слави против Клиперс (98:112). Гостите беа предводени од Каваи Ленард кој натпреварот го заврши со 30 поени и девет скока.

Победа славеше и вториот тим од „градот на ангелите“. Леброн Џејмс одигра уште еден неверојатен натпревар и на 38 години повторно покажа зошто се уште е еден од најдобрите во светот.

Лејклерс имаа негатива во еден момент од 25 поени, меѓутоа предводени од Леброн кој постигна 37 поени и додаде 11 скокови славеа против Портланд со 112:121. Симонс беше најефикасниот кај домаќините со 31 поен. Треба да се додаде дека Леброн на последните десет натпревари е со просек над 35 поени што секако е одличен учинок за еден 38-годишник.

Одлична вечер имаше и Кајри Ирвинг во победата на Бруклин над Голден Стејт со 116:120. Стеф Кари во редовите на Вориорси мечот го заврши со 26 поени, седум асистенции и шест скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Далас – ЛА Клиперс 98:112

Мајами – Њу Орлеанс 100:96

Торонто – Њујорк 125:116

Денвер – Оклахома 99:101

Феникс – Мемфис 112:110

Голден стејт – Бруклин 116:120

Портланд – ЛА Лејкерс 112:121

Видео на денот