ВИДЕО | Лажна узбуна во САД: Капитол Хил беше еваукиран поради пожар во камп за бездомници

Фото: Твитер

Портпаролот на противпожарната служба во Вашингтон изјави дека во близина на зградата Капитол Хил избувнал мал пожар, од запален шатор во кој живееле бездомници.

Пожарот бил изгаснат со брзата реакција на пожарникарите.

Зградата на американскиот Конгрес денеска беше блокирана поради „надворешна закана за безбедноста”. Сите учесници на пробата на инаугурацијата на Џозеф Бајден беа итно евакуирани кога се појави црниот чад зад зградата на Капитолот. Меѓутоа, набрзо се покажа дека пожарот е мал, а избувнал откако се запалил шатор под надвозникот во близина на Капитол.

Според извештајот на противпожарната служба, во пожарот нема повредени.

Два дена пред инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, Капитол Хил е повторно под аларм, но овој пат, за среќа, станува збор за лажен тревога.

Се уште е забрането влегување или напуштање на зградата, а учесниците на пробата за инаугурацијата на Џо Бајден беа евакуирани од зградата.

ВИДЕО | Капитол во САД блокиран: Пожар во близина на Конгресот, полицијата предупредува на опасност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот