ВИДЕО | Лазарова Трајковска: Законите оставаат простор за конфискација, но во пракса тоа е многу тешко изводливо

Мирјана Лазарова Трајковска, врховен судија / Утрински брифинг
Мирјана Лазарова Трајковска, врховен судија / Утрински брифинг

Проблемот е што Законот за кривичната постапка и Кривичниот законик оставаат простор за конфискација на имот стекнат со кривично дело, но во пракса тоа е многу тешко изводливо, вели за Утрински брифинг врховниот судија Мирјана Лазарова Трајковска.

-Добро е политичарите да се залагаат за борба против организиран криминал и корупција што се нотира и во извештаите на ЕК, и добро е тие да се сведуваат во пракса, вели таа.

Но, каде е проблемот во делот на македонските закони и практики? Кај нас само преку кривична постапка може да се покрене постапка за нелегално стекнат имот.

-Нашиот проблем е што Законот за кривична постапка и Кривичниот законик оставаат простор за проширена конфискација но во пракса многу тешко се спроведува. Пред десетина година имотот се префрлаше на роднини и блиски но со проширената конфискација ги опфаќа и овие случаи. Но обвинителот има ограничени ресурси, ја нема прво онаа поткрепа која што му ја дава законот, но впечатокот е дека и она што се има на располагање не се користи до крај. Обвинителот однапред треба да подготви цврст и силен предмет со што постапките би биле брзи и ефикасни, објаснува Лазарова Трајковска.

Таа сугерира дека поврзаноста со институциите ќе дава и треба да дава резултати.

-Законот вака како што е конципиран кај нас проширената конфискација ја поврзува со неколку кривични дела. Пораката на одземањето на бесправно стекнатиот имот е дека никој не треба да се офајди со криминално стекнатиот имот вели за УБ врховниот судија Мирјана Лазарова Трајковска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот