1 C
Скопје

ВИДЕО: Лазаров како крило го запиша првиот гол на Мундијалите!

Македонската репрезентација денеска од 20.30 часот ќе го игра првиот натпревар на Светското првенство во Египет против Шведска.

Токму во таа африканска земја нашата селекција го имаше дебито на Мундијалите, поточно во 1999 година. Од таа генерација во сегашната има само еден, токму најдобриот, најискусниот македонски ракометар, Кирил Лазаров (40).

А токму во 1999 уште тогаш како голема светска ракометна надеж го најави легендарниот коментатор Златко Калински кој не згреши во своето предвидување.

И така беше, особено на клупски план со голем број на освоени титули со Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона.

На видео записот можете да го погледнете неговиот прв гол на Мундијалите, нетипично како крило, но на еден фантастичен начин лобувајќи го противничкиот голман на Саудиска Арабија.

Прочитајте и...  Катастрофалното второ полувреме ги остави Хрватите без четвртфинале

Можеме да додадеме уште дека Лазаров и натаму е рекордер по бројот на постигнати голови на едно СП, односно запиша 92 голови пред 11 години во Хрватска.

ВИДЕО: Грмеше Македонија, Македонија – како Шведска го преживеа Ниш!

Поврзани вести

Неверојатниот Јокиќ го чека супер максимален договор

Слободен печат

Шкендија ремизираше, Македонија ЃП поразена на подготовките во Анталија

Слободен печат

Се надевам дека навивачите ќе му простат на Ѓоковиќ

Слободен печат

Бабиќ: Одличен потег беа подготовките во Хрватска, младите добро се претставија

Слободен печат

Пикси ќе биде новиот селектор на Србија за плата од милион евра

Слободен печат

Барса ќе продолжи без Меси кој започна да го учи францускиот јазик!?

Слободен печат

Остави Коментар