ВИДЕО: Лазаров е фан на Црвена звезда, а го гледа и Партизан поради Жељко Обрадовиќ

фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Специјализираниот портал „Балкан Хандбал“ ја објави втората епизода од новиот спортски подкаст „Контранапад“ во која гостуваше еден од најдобрите светски ракометари, Кирил Лазаров.

Селекторот на најдобрата македонска репрезентација, кој воедно е тренер на ракометниот клуб Алкалоид разговараше со уредникот на „Балкан Хандбал“, Жика Богдановиќ на различни теми од проектот на новоформираниот клуб, иднината на македонскиот ракомет…

Се открија и разни помалку познати детали од неговата кариера, од кои некои се најдоа и во неговата автобиографија „Секогаш на победа“.

Исто така призна дека е голем фан на Црвена звезда..

– Јас сум „звездаш“, уште од мало дете сум сум голем „звездаш“. Се сеќавам дербито Црвена звезда – Партизан го слушавме на фудбалско игралиште на транзистор, не на телевизија, туку на транзистор, радио пренос. Сега кога сум во Македонија, поблиску ми е Белград. Сакам да ја гледам Евролигата, пред сè Црвена звезда, како и дербито во АБА лигата. Исто така сакам да погледнам и еден силен евролигашки натпревар на Партизан особено поради Жељко Обрадовиќ кој е еден од моите тренерски идоли покрај Пеп Гвардиола – се зборовите на Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот