ВИДЕО | Лазаревски: Нема да се дозволи филмските работници да останат без работа

Формула за исплата на плати на вработените се пронајде преку Министерството за Култура и УЈП, но во делот на конкурсите, затоа што недостасуваше првиот човек на самата агенција не можеше да се најде решение. Тоа се изнајде по моето стапување на функција на 15.12.2020. Јас веднаш по стапувањето на функцијата испратив барање до стручните служби за формирање на административна комисија.

„Таа треба деновиве да се состане и да направи прелиминарна селекција на конкурсот што беше објавен во август. Тоа значи дека конкурсот продолжува да се разгледува и согласно препораките на селективната комисијата ќе бидат испратени сите проекти кои ги задоволуваат оние основни критериуми до филмскиот Совет и до рецезентите на понатамошно разгледување“, изјави во Утрински брифинг првиот човек на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски на прашањето што се случува со проектите кои беа на своевидна пауза и до каде е исплатата на плати на вработените во агенцијата и додаде дека нема да се дозволи во ниту еден момент филмските работници да останат без работа.

„Во делот на културата, филмските работници се луѓе кои работат исклучиво на проекти и заработуваат доколку има проекти. Ние како Агенција за филм и јас како нејзин прв човек ќе се бориме проектите да не застанат. Да се најде начин со сите инволвирани во самите проекти тие луѓе да бидат ангажирани“, вели Лазаревски.

Целиот разговор со Лазаревски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот