ВИДЕО | Лаутаро човек на одлука во градското дерби, Интер ја продолжи кризата на Милан

Интер вечерва во градското дерби славеше победа против Милан со 1:0 и така ја продолжи резултатската криза кај својот градски ривал.
„Росонерите“ по овој пораз паднаа на петтото место и ако продолжат со вакви резултати тешко дека ќе се изборат за место во Лигата на шампионите наредната сезона. Интер од самиот почеток вечерва беше подобриот противник на теренот и Милан можеше лесно да изгуби и поубедливо.
По стартната иницијатива и неколку прилики Интер стигна до водство во 34. минута кога Чалханоглу одлично нафрли од корнер и го пронајде Лаутаро. Тој гол на крајот се покажа и како одлучувачки.
Како одигра Милан денес покажува и тоа што „росонерите“ не успеаа да упатат ниту еден шут во рамките од голот на Интер. Тимот на Пиоли веќе петти натпревар е без победа и како што изгледа влегува во сериозна играчка и резултатска криза.