ВИДЕО: Лапсус на Шекил, му се обрати на руски јазик со „Спасиба“ на Јокиќ, центарот има нов прекар

Денвер нагетс влезе во победнички ритам во НБА лигата и тоиа благодарение на одличниот Никола Јокиќ кој во победата над Голден стејт вориорс оствари уште еден трипл-дабл кој е петти во сезоната.

Изгледа неверојатно, но центарот на Денвер моментно е прв асистент во лигата заедно со Џејмс Харден, и двајцата имаат просечно 10.4 асистенции по натпревар, и одличната игра на Јокиќ беше причина тој да биде вклучен во емисијата „Inside NBA“ во која водители се Шекил О’Нил, Чарлс Баркли, Кени Смит и Ерни Џонсон, а легендарниот центар го украде шоуто.
Шекил заборави дека Јокиќ е од Србија, а не од Русија и му се обрати со зборовите „Спасиба“, по што веднаш реагираше центарот на Денвер.
„Не, јас не сум Русин, јас сум од Србија. Ти добро го знаеш тоа“, му рече Јокиќ.
Шекил потоа се извини за лапсусот.

– Доста често ја имам топката на врвот на рекетот, од таму можам да додавам доколку имаме добар блок и доста простор, а можам и да делам бекдор додавања и можам да шутнам. Никогаш во натпеварот не влегувам со однапред подготвено сценарио туку го земам тоа што ситуацијата ми го пружа на теренот – додаде Јокиќ.

Јокиќ исто така пред новинарите откри дека одлучим сам да си даде нов прекар „Cookie Monster“.
– Поранешниот соиграч Мајкл Милер секогаш ми зборуваше дека сум „Cookie Monster“, така што сега тој прекар ќе го украдам од него. Јас сум Cookie (колаче) и Monster (чудовиште). Можеби не сум толку добар во дефанзивниот дел од играта, но сепак сум „Cookie Monster“ – рече низ смеа центарот на Денвер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот