ВИДЕО: Лајпциг го доби првиот американски дуел во историјата на Бундеслигата

Пелегрино Матарацо (Штутгарт) убедливо поразен од Џеси Марш (Лајпциг)/Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

После изненадувачкиот пораз од Мајнц (1:0) на стартот од сезоната, играчите на Лајпциг во второто коло од најсилното германско првенство дома убедливо славеа над Штутгарт со 4:0.

Оваа сезона Дарко Чурлинов нема да биде во составот на Штутгарт кој го испрати македонскиот репрезентативец на позајмица една година во Шалке.

На вечерашната средба Шобошлаи двапати се запиша во листата на стрелците, а по еднаш Форсберг и Силва од пенал.

Ова беше инаку првиот американски дуел во историјата на Бундеслигата, на клупата на Лајпциг е Џеси Марш, а Штутгарт го тренира Пелегрино Матарацо.

В сабота продолжуваат мечевите од новата рунда, од 15.30 часот ќе се сретнат Бохум-Мајнц, Ајнтрахт Франкфурт-Аугсбург, Фрајбург-Борусија Дортмунд, Гројтер Фурт-Арминија Билефилд и Херта Берлин-Волфсбург, а од 18.30 часот ќе играат Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот