ВИДЕО: „Лајка“ извлече четири кучиња заробени во напуштен автомобил

„По многубројни пријави од загрижени граѓани, за кучиња кои со месеци константно се затвараат во возило во населбата Аеродром, вечерва на иницијатива на ЈП Лајка е постапено во соработка со инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и полициска асистенција. Кучињата ќе бидат згрижени во нашето прифатилиште, а по укажаната ветеринарна грижа максимално ќе се ангажираме да им најдеме соодветен дом“, велат од Лајка и додаваат дека за овој проблем со месеци се барало решение, но не бил најден компромис со сопственикот на возилото.

Кучињата беа оставени во автомобил со скопски регистерски таблички.

Според неофицијални информации, станува збор за четири улични кучиња, а сопственичката на возилото секоја вечер ги затворала внатре, за да бидат на топло и на безбедно, а изутрина повторно ги пуштала. Сето ова почнало да се случува откако едно улично куче за кое се грижела жената било заклано. Сепак, лаежот на кучињата од автомобилот навечер ги вознемирувал соседите, кои често пријавувале во надлежните институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот