ВИДЕО | Лагите и манипулациите на Трамповиот популизам

Бидејќи ние го прележавме тој „вирус“ пред 3-4 години, нам ни се чини дека се ова што го гледаме во САД е логична последица на тоа како владееше Трамп во последните четири години. Кај нас тоа траеше една деценија и практично со истиот контекст и истиот предтекст се направи тој упад во нашето Собрание. Ние деталите ги знаеме in vivo (во живо), бидејќи кај нас таа траума ја дигестираме со години, како и со судски процеси за тоа. Но ова покажува дека нема „вакцина“ за овој тип на популизам кој се прошири низ целиот свет. Македонија е мала земја па и заради тоа овдешните настани не се земаат како илиустрација или како пример за анализа во светот, иако тие во мало практично ја осветлуваат целата методологија на владеење по пат на ширење лаги, по пат на еден затворен систем во кој се гради паралелна реалност во еден добар дел од јавноста и потоа се манипулира и насочува кон активности кои немаат врска со демократијата. Не сум сигурен дека се работи за балканизација, туку повеќе за глобализација на тој проблем, на такво владеење. Не е САД единствена која се соочува со тоа, изјави главниот уредник на Утрински брифинг, Сашо Орданоски.
„Иако Америка релативно брзо се поврати од шокот кој и се случи последиците ќе бидат долгогодишни и самиот акт, чинот на нападот на Конгресот, бројот на жртвите и повредените, говори дека се работи за многу опасни тенденции кои на ниеден начин не можат да се третираат како демократски, всушност и самите Американци во првите реакции а сега и во правните квалификации на настанот говорат за домашен тероризам и мислам дека апсењата кои се во тек ќе бидат подлежни на тој тип на квалификации кои сами по себе носат многу тешки кривични одговорности, а соодветно на тоа и долги затворски казни“, изјави Орданоски.
„Мислам дека ситуацијата не завршува со самиот упад во Конгресот, туку сега ќе продолжи во долга дебата на многу нивоа, не само политички туку и воопшто граѓански. За жал првичните анкети покажуваат дека можеби и мнозинството на републиканците во САД го поддржуваат упадот во Конгресот, што значи дека се работи за еден тежок проблем со кој ќе се соочи американската десница. Тој проблем е илустрацијата за тоа што се случува кога централно-десните партии, конзервативни, како што кај нас е ВМРО-ДПМНЕ, таму републиканците, ќе почнат да прават разни калкулации, сојузи со крајно десничарски опскурни движења, со една колекција од разно-разни фанатизирани, понекогаш и социјално умоболни структури во општеството, очајници од различен вид, до религиски компоненти и радикални верски струи, манипулативни, неостварени фрустрирани локални лидери, поткрепени од една огромна ехо машинерија на крајно десничарски медиуми“, вели Орданоски.
Целата анализа погледнете ја во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот