ВИДЕО: Лацио водеше, но Јувентус може и без Роналдо!

Фото:EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус го совладаа во Торино составот на Лацио со 3:1 во рамките од 26 коло во Серија А.

Во 14 минута од средбата поведоа „небесно-сините“ откако Хоакин Кореја ја искористи грешката на Кулушевски. „Бјанконерите“ успеаја да дојдат до израмнувањето, една убава акција по левата страна на одличен начин заврши Рабио кој во 39 минута ја затресе противничката мрежа.

Во понатамошниот дел од мечот римскиот клуб не држеше високо ниво на игра како во првиот дел, а Јуве го започна својот пресврт откако во 57 минута стрелаше Киеза кој влета во казнетиот простор и рутински ја заврши акцијата со погодок.

Мората кој ја запиша и втората асистенција практично беше еден од хероите на „Старата дама“ и кој воедно го потврди важниот триумф на актуелниот италијански шампион. Три минути подоцна судијата покажа на белата точка после прекршокот на Милинковиќ Савиќ брз Ремзи, а сигурен беше Мората за поставување на конечниот епилог.

На табелата Јуве е на третото место со 52 бодови, зад Интер (59) и Милан (53), додека Лацио е седмопласиран со 43 бодови.

Нова радост за Несторовски и Удинезе во Серија А!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот