ВИДЕО: Лацио ја продолжи серијата, Специја без шанси на „Олимпико“

Лацио освои нови три бода во Серија А/Рим, Италија/2 октомври 2022/фото: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Лацио веќе забележа три победи во низа во Серија А, во трите нападот беше немилосрден, а мрежата и овојпат мируваше.

По триумфот над Верона (2:0), па Кремонезе (4:0), сега без проблем „небесно-сините“ ја совладаа Специја на стадионот „Олимпико“ со 4:0.

Имобиле не реализираше пенал за римскиот клуб во третата минута, но во 12 минута неговиот тимски колега Закањи донесе предност. Во 24 минута позитивата се зголеми по голот на Ромањоли.

Значаен придонесе во победата имаше и српскиот интернационалец Милинковиќ-Савиќ кој двапати се запиша во листата на стрелците во 61 минута и во судиското надополнување (90+1`).

Лацио со 17 бодови се изедначи на второто место со Аталанта, исто толку имаат и Милан и Аталанта, додека Специја по четвртиот пораз сезонава во италијанскиот шампионат е на 12 место со осум бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот