ВИДЕО: Лацио и Удинезе ремизираа, но приредија спектакл со осум гола на навивачите

Лацио и Удинезе одиграа фантастичен натпревар на „Олимпико/ фото: EPA-EFE/FEDERICO PROIETTI

Фудбалерите на Лацио и Удинезе го одиграа најефикасниот натпревар сезонава во Серија А, постигнувајќи дури осум гола на радост на навивачите.

Удинезе постојано беше во предност, Лацио постојано бркаше негатива, а на крајот можеше и да победи. Удинезе поведе со 0:2 со головите на Бето во 17 и 32 минута, пред Лацио преку Чиро Имобиле да намали на 1:2. Но, во финишот на првиот дел, Молина во 44 минута повторно му носи предност на Удинезе од два гола.

За само пет минути во вториот дел, Лацио успеа да дојде до израмнување, прво Педро во 51 минута намали на 2:3, а во 56 минута во листата на стрелци се запиша Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Во 79 минута, Лацио преку Ачерби поведе со 4:3 во 79 минута, но остана без трите бода во 99 минута. Во деветтата минута од судиското продолжение, Арслан постигна гол за 4:4.

Видео на денот