ВИДЕО l Срби играа фудбал додека чекаа да ја поминат границата со Македонија

фото принтскрин

Деновиве има огромна гужва на границите особено кон Грција,  најпосакуваната дестинација  каде Србите најчесто одат на одмор. Но сега е побавно да се стигне затоа што има бесконечни колони пред секоја граница, пишува  порталot Ноизз.

Така, чекајќи на границата со Северна Македонија неколку часа, снаодливите Срби сфатија како побрзо да им помине времето.

На социјалната мрежа TикТок беше објавена една интересна  ситуација на граница каде може да се видат неколку мажи како играат фудбал среде метеж од автомобили.

– Ова може да ни се случи само нам. Но, за разлика од минатата година, кога најмногу се расправаа кој смее да помине, ова е многу поубава слика – е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Видеото брзо стана вирално и многумина ги пофалија дури и граничарите кои не ги потераа момците во автомобилите, бидејќи ретко каде е дозволено да стоите надвор од превозот на граничните премини.

– Не е ова попусто најважната споредна работа во животот. Еве што друго би можеле да правите освен да играте фудбал. Браво момци, стои во коментарите.

@buudaa19

♬ original sound – Bogdan Budimir

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот