ВИДЕО l Поради долг од 10.000 евра полицијата насилно одзела имот на семејство во Карбинци

фото принтскрин

Полицијата во текот на вчерашниот ден насилно го исели семејството на Ристе Бањоглав од Долни Балван, Карбинци. Приведена беше и неговата мајка, која е во поодминати години, оти не и дозволувала на извршителката да и ја земе куќата, единственото место кое го има за живеење, објавува 24мк.

Пред шест години тој зел пари на заем од роднина, како залог ја оставил куќата. Како што вели тој дел од парите ги вратил за неколку месеци, но бил одбиен долгот што пораснал поради каматите да го плати на рати. За долг од 10.000 евра, Бањоглав ја изгубил куќата и трлото како и земјиштето под нив, а неговиот имот 18 пати одел на лицитација, вели тој во изјава за 24.мк

Ристе вели дека двојно го исплатил основниот долг , но се нашол помеѓу спрегата лихвар, нотар и извршител кој го прогонувал со години. Решение добил на 14 јули 2021 за да нема право да се жали до Апелација. Неговата мајка на чие име се води имотот одбила да го потпише документот со кој нивната куќа се предава  на доверителот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот