ВИДЕО l Камион стигна до средината на конструкцијата на мостот, а потоа го проголта реката

фото Твитер

На социјалните мрежи се појави видео од источна Русија, на кое се гледа како се урива поплавен висечки мост додека камион го минува. Снимено е во селото Уријум, источно од Москва, а на него се гледа како камион се приближува до мостот, а потоа се обидува да ја премине неговата тесна и разнишана конструкција, објавува Cbs news.

Кога стигнал до средината, структурата започнала да се руши и на крајот се срушила во реката носејќи го возилото со себе.

За среќа, возачот преживеал.

Мостот е претежно направен од дрво, а е изграден за да го замени мостот на патот. Како што започнаа поплавите, а заврши и преминот на овој камион, селаните ќе мораат да изградат нов заменски мост, бидејќи во спротивно нема да имаат начин да ја преминат реката.

Овој мост не е единствениот кој е оштетен од екстремните дождови во Русија во последните денови, според агенцијата ТАСС, водата онеспособила пет патни моста, додека многу други биле уништени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот