ВИДЕО l Голем пожар над Галичник, гори борова шума

Голем пожар избувна над Галичник, зафатена е борова шума, а огнот уште побрзо се шири поради силниот ветер. Пожарот избувнал на околу 200 метри над хотелот „Неда“, а туристите веќе се повлекуваат од Галичник. Од месната заедница во Галичник  информираат дека се алармирани сите институции и дека се очекува хеликоптер од Армијата кој што треба да помогне во гаснењето на огнот, пишува Мкд.мк.

Според информациите од таму, во моментов не се знаат причините за пожарот, ниту колкава површина е зафатена, бидејќи огнот многу брзо се шири.

Инаку, информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу13.30 часот.

Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот