ВИДЕО | Кузмановски за случајот „Еуростандард“: Ако министерот преку Уставен бара заштита на финансискиот систем тогаш сериозно се побркани лончињата

Уставниот суд денеска повторно треба да одлучува по иницијатива поднесена на членот 163, став 3 од Законот за банки, според кој, побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители.

Пред неполни два месеци, уставните судии не поведоа постапка по иницијатива поднесен за истата одредба од Законот за банки.

Иницијативата е поднесена од оштетени штедачи на Еуростандард Банка и со неа се спори законската одредба која вели дека Фондот за осигурување на депозити има предност прв да ги наплати побарувањата од пропаднатата банка.

-Реакцијата кон ДКСК беше жестока поради тоа што пред 7 дена имаше седница на Уставен суд каде што беше поставена истата точка на дневен ред. Во текот на самата седница пред гласањето од страна на ДКСК беше лиферувано соопштение дека еден од судиите треба да внимава на судир на интереси во врска со одлучувањето по точката за која веќе требаше да се гласа. Како резултат на тоа соопштение Уставен одлучи да не гласа и да го провери она што ДКСК го соопшти јавно. Затоа одлучија да остават 7 дена за одлучување а во меѓувреме да побараат дополнителна информација од ДКСК, изјави во Утрински брифинг правниот застапник на оштетените штедачи во „Еуростандард банка“, Љупчо Кузмановски.

-Нашата реакција беше поради тоа што сметаме дека ДКСК воопшто нема надлежност да одлучува околу изземање на уставен судија. Тоа би било преседан. Се работи за постапка, а не за јавна набавка. Кај Уставниот суд, Уставот регулирал дека работата се регулира со акт на судот и судот донел деловник. Во тој деловник нема одредби за иземање на судијата, но тоа не и дава право на ДКСК да се вмешува во псотапката, додава Кузмановски.

-Соопштението на Министерството за финансии ме изненади. Ова е навистина еден сериозен преседан на вршење на пртисок на јавна сцена, без калкулации, без сокривање. Ние во подолг период наназад кажуваме дека врз судиите се врши приитисок. Во ситуацијата излезе кој го вршел притисокот. Прашањето за стабилноста на финансискиот систем е прашње кое го решава Минситерството за финансии. Тоа е неспорно. Прашањето за уставноста на член 163, став 3 од Законот за банки е прашање што треба да го решаа Уставен. Ако Уставниот суд се грижи за стабилноста на финансискиот систем тогаш не ни треба министер за финансии. Затоа мислам дека ова прашање е толку сериозно, што јас немам друга порака до министерот освен истата што ја упати Здружението до Државната комисија, веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. Ако не го стори тоа и на премиерот Заев му порачуваме веднаш да го разреши. Преку вршење на еден ваков притисок врз Уставен суд сметам дека ги доведува во прашање и ЕУ интеграциите на државата, вели Кузмановски.

Аргументот што го истакнува министерот дека се работи за прашање кое засегнува во стабилноста на финансискиот, банкарскиот систем не е аргумент, туку изговор. Ова не е прашње за стабилност на финсискиот систем, бидејќи средствата кои се во стечајната маса на банката, конкретно на Еуростандард банка не се средства од буџетот. Тоа се прилива на средства од сосема други страни на кои министерот воопшто не сметал кога се планирал буџетот. Едноставно нема ниту една допирна точка со стабилноста на финансискиот систем. Ако министерот преку Уставен бара заштита на финансискиот ситем тогаш сериозно се побркани лончињата, изјави Кузмановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот