ВИДЕО | Кузмановски: Мислам дека помладите играчи сезонава ќе имаат поголема улога
Пред почетокот на ракометната сезона 2024/25, на официјална прес-конференција тренерот на Еурофарм Пелистер Бранислав Ангеловски и капитенот на екипата Филип Кузмановски ги искажаа импресиите по подготвителниот период и серијата турнирски натпревари.
Актуелниот македонски шампион в среда во Гевгелија ќе игра против Алкалоид во Суперкупот на Македонија.
Три дена подоцна во рамките од домашното првенство Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Тиквеш, а на 11 септември ќе му гостува на ПСЖ во Франција во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
– Пред сè сум среќен што навистина после тешки припреми каде што заедно поминавме еден месец, играчите се здрави. Со мала повреда на Тајник, што мислам дека на тие последни натпревари што ни беа главните малку се почувствува неговото отсуство. Но, добивме повеќе и со младите играчи, како и минатата година. Мислам дека ќе имаат поголема улога оваа година и ќе придонесат за екипата. Нас ни се тие потребни. Работевме на сегменти во одбраната, да ги адаптираме новите играчи како Илија Абутовиќ, кој навистина многу ни значи, искусен, столб во одбраната. Задоволен и од новите голмани кои придонесуваат и ќе придонесуваат во текот на сезоната, и во играта на нашиот систем помогнеме исто така бидат светла точка – вели Кузмановски.
На видео записот погледнете ги изјавите на Ангеловски и Кузмановски: