ВИДЕО | Кутрето Ривер првпат се гледа во огледало: Тоа што го виде го преплаши

куче
Лабрадорот Ривер / Фото: Принтскрин/ТикТок

Лабрадорот Ривер првпат си го видела својот одраз во огледалото на девет недели. Симпатичната сцена од средбата со „страшното чудовиште во огледалото“ е снимена и објавена на „ТикТок“ од нејзината сопственичка Жане.

Кутрето влегло во собата и било збунето од глетката. Пред него во огледалото стоело страшно куче. Ривер почна нетрпеливо да лае, а потоа се повлече. Таа повторно залаја и сфати дека е подобро да побара спас од тоа страшно суштество кај својата газдарица.

@thats.so.river There’s a scary monster in the mirror #mirror #fyp #labrador #labradorretriever #puppy #labradorpuppy #uk #labradorsoftiktok #chocolatelab ♬ original sound – thats.so.river

„Преслатко“, „Сакаме уште Ривер“, „Како кога Симба се обидува да рика“, се дел од коментарите на слатката сцена на збунето кученце.

Ривер сега има шест месеци и се прилагодила на огледалата и нејзиниот одраз во нив. Инаку, истражувањата покажаа дека кучињата не можат да се препознаат во огледало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот