ВИДЕО | Кутре ретривер тажно квичи: Oна што го направи мачката ќе ве разнежни

куче
Фото: Принтскрин/ТикТок

Хaна Колсон неодамна доби цело легло преслатки кученца. Нејзиниот ретривер Олив роди девет кученца, кои постојано ја бараат својата мајка. За среќа, Олив не мора сама да се грижи за своите бебиња бидејќи го дели домот со мачката по име Фиг.

Колсон објави видео на „ТикТок“ на кое се гледа како едно кученце тажно квичи, а неговата исцрпена мајка веќе нема сила да го смири. Таа уморно стои пред кученцето кое плаче и зјапа во празно. Тогаш Фиг доаѓа на помош и легнува покрај кученцето и го теши со галење. Мачката успеа во својот план бидејќи квичењето стана се потивко.

Видеото за четири дена собра повеќе од 11 милиони прегледи, а можете да го погледнете во продолжение:

@hannahcolson Baby daddy putting in the work #catdad #goldenretriever ♬ original sound – Hannah Colson

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот