ВИДЕО: Куртоа и Касемиро го спасија Реал, отворена трката за титулата!

Фото: EPA-EFE/R. GARCIA

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа на гостински терен екипата на Ваљадолид со резултат 0:1 (0:0) во 24 коло од „Ла Лига“.

Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Касемиро во 65 минута, а голем придонес во триумфот имаше и голманот Тибо Куртоа кој имаше три феноменални одбрани.

После новиот кикс и денешен пораз на Атлетико Мадрид дома од Леванте, сега повторно е отворена трката за титулата во најсилното шпанско првенство.

На табелата „јорганџиите“ (натпревар помалку) водат со 55 бодови, три бода повеќе од второпласираниот Реал, а на третата, односно четвртата позиција се Барселона (46) и Севиља (45) со по два меча помалку.

В сабота се одиграа уште два меча, Елче со 1:0 беше подобар од Еибар, а Валенсија со 2:0 триумфираше над Селта Виго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот