ВИДЕО: Куман едвај го напушти „Камп Ноу“, навивачите го опколија, му викаа да си поднесе оставка

Холандскиот стратег Роналд Куман и натаму под силен притисок поради лошите резултати сезонава/Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Реал Мадрид денеска ја совлада Барселона со 2:1 во првото сезонско „Ел Класико“ одиграно во 10 коло од шпанската „Ла Лига“.

Давид Алаба и Лукас Васкез погодија за мадридскиот клуб, а поразот на Барса го ублажи Серхио Агуеро.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман и понатаму трпи силни критики, а навивачите бараат тој што поскоро да си замине од клупата. Ова се виде и по натпреварот, навивачите го чекаа цел час пред стадионот.

Кога излезе неговиот автомобил, фановите на каталонскиот клуб го опколија и се обидоа физички да се пресметаат со него. Му викаа да поднесе оставка и да си замине од Барса.

Претседателот на клубот, Жоан Лапорта пред денешниот меч кажа дека Барселона ќе го задржи холандскиот стратег без разлика на резултатот во дербито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот