24 C
Скопје

ВИДЕО | Култната скопска зграда ќе добие зелен покрив: Голема реконструкција на кровот на Домот на градежници

Нов зелен покрив ќе биде изграден на Домот на градежниците, во центарот на Скопје. Зелената површина ќе биде по примерот на онаа во ГТЦ, а се очекува зеленилото да го намали топлотниот остров што го создава покривот на оваа зграда.

Како што најави на денешната прес-конференција Никола Наумовски од Град Скопје, со создавањето ново зелено место во центарот на градот, поточно во Мал ринг, се идентификува потребата за борба против топлотинот остров од оваа зграда.

Тој посочи дека по реконструкцијата, просечната температура на годишно ниво ќе биде спуштена за три степени, а таа драстично ќе биде намалена, особено во лето, во Мал ринг, односно пред околните згради.

Планот е како што рече, да се постават десетици садници дрвја, но уште повеќе ниско и средно зеленило кое ќе биде распоредено на начин на кој што ќе биде функционално за оние кои ќе го кровот.

Наумовски појасни дека ќе има тревна површина, слична на онаа во ГТЦ и ќе има вертикално зеленило поставено на ѕидовите.

– Сето тоа со додадени клупи и друга урбана опрема за уживање на присутните и она што можеби е најважно за привлкеување повеќе луѓе, е тоа дека ќе го вратиме киното, односно проекциите кои се случуваат овде, додаде Наумовски.

Покривот, како што додаде, има два нивоа и на двете ќе биде поставено зеленило ниско на местата кај што газиме и воско на страничните површини.

Дополнитлено, посочи, околу целата ограда ќе биде поставен дрворед од густи дрвја со намера да не им се пречи на граѓаните во околкните згради.

Оваа инвестиција чини вкупно 18,5 милиони денари.

Претставничката на УНДП на Македонија, Сања Бојаниќ на денешната прес-конференција истакна дека оваа зелена површина ќе има дополнителен придонес во градење на Скопје како отворен и зелен град.

– Овие 390 квадратни метри ќе бидат претворени во зелен покрив на кој ќе има над 30 различни видови на растенија и од еден жежок остров ќе се претвори во зелен остров. На тој начин ќе се придоенсе да се намалат температурите и да се подобри квалитетот на воздухот, а со тоа и квалитетот на животот, рече Бојаниќ.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ рече дека местото ќе биде еден вид рекреација за сите луѓе кои живеат тука, а ќе биде и место каде ќе може младите да доаѓаат да учествуваат во разни активности поврзани со култура, но и секојдневни актвивности на граѓаните на Опптина Центар и Скопје.

Поврзани вести

Пендаровски: Процесот на преговори не смее да се оптоварува со историски контроверзии кои немаат ништо заедничко со евроатлантските интеграции

Слободен печат

Во Боливија уништени три големи импровизирани фабрики за производство на кокаин

Слободен печат

Лавров: Чешка и САД се на „црната листа” поради активности против Москва

Слободен печат

Приведен е скопјанец во близина на Катланово, по него е распишана централна потерница

Слободен печат

Кривична пријава против две лица за „фалсификување на огнено оружје”

Слободен печат

Блинкен: САД интензивно работат на ставање крај на израелско-палестинското насилство

Слободен печат

Остави Коментар