ВИДЕО | Култната американска серија „Саут Парк“ прослави 25 години од своето постоење

саут парк south park
Фото: Принтскрин - Инстаграм

Креаторите на серијата, Паркер и Стоун неодамна потпишаа договор вреден 900 милиони долари за продолжување на продукцијата на серијата во следните пет години.

Култната американска серија „Саут Парк“ прослави 25 години од своето постоење. Сатиричен анимиран ситком наменет за возрасна публика, кој својата популарност ја стекна со својот мрачен, нереален, па дури и вулгарен хумор, шегувајќи се на сите можни теми, без разлика колку се чувствителни, премиерно беше прикажан на 13 август 1997 година.

„Малкумина очекуваа дека нихилистичката серија на авторите Треј Паркер и Мет Стоун ќе опстане четврт век токму поради контроверзноста, но како што одминуваше времето, амбициите растеа, а авторите се повеќе се опуштаа во нивната тематска сатира“, пишува британски Гардијан.

Оваа годишнина никако не е крај на „Саут Парк“. Паркер и Стоун потпишаа договор вреден 900 милиони долари за продолжување на продукцијата на серијата во следните пет години. Она што авторите секако можеа да го забележат преку реакциите на луѓето е дека сексот повеќе ги навредува луѓето отколку насилството, што е невообичаено. А кога станува збор за религијата, ситуацијата е уште полоша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот