16.8 C
Скопје

ВИДЕО: Кучето на ирскиот претседател го украде шоуто за време на пренос во живо

Деновиве на социјалните мрежи почна да кружи урнебесно видео на кое може да се забележи палавото куче на претседателот на Ирска кое едноставно сака да си игра додека неговиот сопственик држеше говор во живо…

Видеото ги освои срцата на илјадници корисници на социјалните мрежи.

Претседателот Мајкл Д Хигинс му оддаваше почит на актерот Том Хики, кој почина неодамна, кога едно од неговите две Бернски планински кучиња седна покрај него, молејќи да се игра со својот сопственик.

Седуммесечното кутре, беше во центар на внимание, додека претседателот даваше изјава. Тој разиграно му „додеваше“ на претседателот, обидувајќи се сите можни начини да го добие неговото внимание. Претседателот Хигинс иако успеа да го задржа фокусот на обраќањето, сепак му подаде рака на кучето за да си игра.

Ирскиот претседател Хигинс ги посвоил двете кучиња на почетокот на оваа година. Двете кучиња имаат доста голем број обожаватели на социјалните мрежи, каде одвреме навреме се појавуваат  нивни фотографии и видеа.

Поврзани вести

Дали по стапките на Џенифер Лопез и Џоли се врати во прегратките на старата љубов? Анџелина и Џони Ли Милер се старо – новиот холивудски пар

Слободен печат

Воспаление на срцевиот мускул кај помлади мажи од мРНА вакцините почесто од очекуваното

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 14 јуни: Имате повеќе идеи отколку време, треба подобро да се организирате

Слободен Печат

Виц на денот: Рефреш

Слободен печат

На денешен ден – 14 јуни

Слободен Печат

Марина Туцаковиќ за болеста и што најмногу ја боли: Порано ми се јавуваа, сега…

Слободен печат

Остави Коментар