ВИДЕО: Куче влета на терен и почна да дрибла како Роналдо

Натпреварот во Тузла беше прекинат од неповикан гостин/Тузла, БиХ/принтскрин: twitter/ FK Sloboda Tuzla Official Account

Фудбалерите на Слобода ги разочараа своите навивачи играјќи 1:1 против Посушје во Премиер лигата на БиХ, но публиката имаше можност да ужива во мајсториите на „Догналдо“.

Имено, на самиот почеток на натпреварот, на теренот влета куче кое веднаш дојде до топката поради што судијата мораше да го прекине натпреварот.

Кучето изведе неколку дриблинзи со кои ги воодушеви навивачите на трибините.

 

Видео на денот