ВИДЕО: Куче стана вирален хит откако покажа како треба да се симнуваме по скали

куче
Фото: Принтскрин / Twitter

Ова куче стана вирален хит на социјалните мрежи откако жената по име Ана Елизабет сподели видео поради кое многумина се „запрашаа“ дали цел живот се симнуваме погрешно по скали.

Ана Елизабета влегла во продавница за антиквитети во Гејнсвил, Флорида и таму го запознала кучето по име Смоук. Само што ја видело како се симнува по скалите, кучето решило да ѝ покаже дека не го прави тоа како што треба.

„Го запознав ова куче локална продавница за антиквитети, сакаше да ми го покаже правилниот начин за спуштање по скали“, напишала Ана Елизабет на својот фејсбук-профил.

Веднаш истрчало до горниот дел од скалите, легнало на страна и почнало да се спушта во лежечка положба. Кога стигнало до крајот на скалите, уште еднаш истрчало до врвот за да ја демонстрира својата техника, за да се осигура дека жената го разбира.

Си размислувам дали го правев тоа погрешно сите овие години…“, „Видете колку е среќен додека оди нагоре и се спушта надолу“, „Го обожавам“, „Секако! Како инаку се симнувате по скали?“, „Тоа е тоа. Следната недела одам во Гејнсвил да го запознаам Смоук. Ќе му однесам играчки“, „Масажа“, беа само дел од коментарите на социјалната мрежа „Твитер“.

Видеото од кучето споделено на социјалната мрежа „Твитер“ на профилот „Humor and Animals“ доби над 35,800 лајкови, а беше споделувано дури 6,934 пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот