ВИДЕО | Кубанската зоолошка градина ангажираше толкувачи на знаковен јазик за глувите посетители

Националната зоолошка градина во Куба / Фото: EPA-EFE/Yander Zamora

Носорозите, жирафите и лавовите кои живеат во Националната зоолошка градина на Куба веќе одамна се интересни за посетителите, но турите во зоолошката градина од неодамна станаа многу позабавни за глувите посетители.

Имено, од оваа година, глувите посетители на зоолошката градина се придружувани од толкувачи на знаковен јазик, кои на посебен начин се обидуваат да им ја дооловат атмосферата на што е можно поавтентичен начин.

„Ја посетував градината кога бев дете. Но, поминаа многу години. Толкувачите беше големо изненадување, сега можам да разберам сè“, вели Татјана Ромеро, која е глувонема од раѓање.

Турите се една од неколкуте иновативни програми што државната зоолошка градина им ги нуди на лицата со посебни потреби, вклучително и терапијата со животни за деца со Даунов синдром, аутизам и други посебни потреби.

„Претходно, многу малку глуви луѓе ја посетуваа зоолошката градина бидејќи можеа само да ги видат животните, без да дознаат нешто повеќе за нив. Но, сега ја посетуваат“, вели Јоандра Олива Лопез, толкувач и едукатор во кубанската зоолошка градина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот