ВИДЕО: Крвав инцидент во автобус, Хрват со нож го избоде возачот Србин

Австриската полиција и обвинителството ги утврдуваат причините за нападот.

Возач на автобус бил нападнат на релација Дортмунд-Белград кај Линц во Австрија. Според извештаите од српските медиуми, нападот го извршил Хрват (25) кој со нож го нападнал возачот (40) од српска националност и неколку пати го прободел. Според информациите, сè се случило на паркинг. Патниците успеале да го запрат напаѓачот, а мажот бил пренесен во болница.

Австриската полиција и обвинителството ги утврдуваат причините за нападот.

Како што потврдил директорот на превозникот „Ласта“, Владан Секулиќ, драмата се одвивала во близина на Линц во Австрија.

– Патникот кој го нападнал возачот влегол на станицата во Линц. На нападот не му претходела расправија. Во еден момент тој станал од своето место и почнал чудно да се однесува. Извадил мало сечило и го ранил нашиот колега. Тој бил совладан од совозачот и другите патници, а нападнатиот возач се здобил со полесни повреди. Напаѓачот бил приведен од австриската полиција, а сите патници дале изјава – објаснил Секулиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот